Достапни линкови

Руски хакери украле тајни податоци од американската Национална агенција за безбедност


илустрација

Американските медиуми јавуваат дека хакери поддржани од руската влада украле многу доверливи шпионски податоци од Националната агенција за безбедност. Тоа наводно се случило во 2015 година кога соработник на Агенцијата ги пренесол на неговиот домашен компјутер. Се верува дека хакирањето било направено преку антивирус програма на фирмата Касперски Лаб, чие седиште е во Москва. Вашингтон во минатиот месец им забрани на федереланите агенции да ги користат продуктите на Касперски Лаб поради врските на таа компанија со руските разузнавачки служби.

XS
SM
MD
LG