Достапни линкови

Каталонците до шпанскиот крал: „Вака не“


Шпанската влада одби посредство за каталонската криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Шпанската влада одби посредство за каталонската криза

Каталонските лидери соопштија дека ќе прогласат независност од Шпанија на 9 октомври, откако Мадрид го одби барањето на претседателот на Каталонија Карлес Пучдемон за посредство во решавањето на кризата. Тој го критикуваше говорот на шпанскиот крал Фелипе Шестти за кој оцени дека се однсувал само за Шпанците.

Најавено е дека декларацијата ќе следува по седницата на парламентот на Каталонија на која треба да биде потврден резултатот од референдумот за независност што Мадрид го прогласи за незаконски.

Претходно, шпанската влада го одби повикот на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон да прифати посредување во кризата.

„Доколку господин Пучдемон сака да разговара и преговара или да испрати посредници, добро знае што треба да направи, да се врати на патот на законот кој никогаш не требаше да го напушти“, соопшти владата во Мадрид.

Шпанскиот заменик премиер, Сораја Саенц де Сантамарија изјави:

„Пучдемон покажа дека не само што е лидер кој оди против законот, туку дека е целосно одвоен од реалноста. Непријатно е што Пучдемон го потсетува кралот за неговите уставни обврски, бидејќи Пучдемон ги заборавил сите негови обврски“.

Каталонскиот претседател во синоќешното обраќање до јавноста го обвини шпанскиот крал Фелипе Шестти дека ја поддржува политиката на премиерот Маријано Рахој за која оцени дека била катастрофална за Каталонците.

„Сакам директно да му се обратам на Неговото Височество, на јазикот што го знам, што тој го разбира, знае и зборува. Вака не. Со вчерашната одлука изгубивте многу луѓе во Каталонија кои ве ценеа и кои ви помогнаа за време на тешките моменти на вашата институција. Луѓето очекуваа поинаков тон, покана за дијалог и договор“, рече Пучдемон.

Претходно, кралот Фелипе ги обвини каталонските лидери за кршење на демократските принципи и за делење на каталонското општество.

Шпанија е потресена од референдумот во Каталонија, како и од реакцијата на шпанската полиција која, со палки и гумени куршуми се обиде да ги спречи луѓето да гласаат.

Притоа беа повредени стотици луѓе што наиде на осуда од меѓународната заедница. Таа пак, остана воздржана во врска со резултатот од референдумот и побара почитување на Уставот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG