Достапни линкови

ЕУ до Косово: Нема демаркација - нема визна либерализација


Кристијан Даниелсон и Рамуш Харадинај.

Првиот човек на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон денеска порача дека Владата во Приштина мора да го реши прашањето за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, доколку сака ЕУ да ги укине визите за влез на косовските граѓани во Унијата.

„Демаркацијата на границата со Црна Гора е многу значајно прашање, кое е еден од клучните услови за визна либерализација“, изјави Даниелсон на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај по нивната средба во Приштина.

Даниелсон истакна дека освен демаркацијата, клучни услови за добивање визна либерализација за Косово, се и успешната борба против корупцијата и организираниот криминал.


XS
SM
MD
LG