Достапни линкови

Грција одобри израчување во САД на Русинот обвинет за сајбер криминал


Александар Виник, 38 годишен Русин обвинет за сајбер криминал, Солун, 04.10.2017.

Грчки суд реши денеска да им го израча на Соединетите држави Александар Виник, русин осомничен за сајбер криминал односно за проневера на 4 милијарди долари во рамките на виртуелната валута биткоин. И Русија бара израчување на Виник за проневера на девет ипол илјади евра. Американските власти го обвинуваат Виник за водење платформа за размена на биткоин и за перење пари добиени од таквото криминално дејство. Тој беше уапсен кон крајот на јули и од тогаш е во притвор во Солун.

XS
SM
MD
LG