Достапни линкови

Напаѓачот во Лас Вегас пукал од 9 до 11 минути


Стивен Падок, човекот одговорен за масовното убиство во Лас Вегас

Човекот одговорен за масовното убиство во Лас Вегас имал скоро 50 парчиња оружје на три локации, соопшти полицијата, додавајќи дека 64 годишниот Стивен Падок пукал од 9 до 11 минути од 32 кат на хотелот „Менделеј беј“ во луѓето кои присуствуваа на фестивал на кантри музика. Притоа загинале 59 луѓе, додека над 500 биле ранети. Тој имал наместено камери во собата за да можел да види кога полицајците ќе му се приближат. Мотивите за убиството и натаму остануваат неразјаснети.

XS
SM
MD
LG