Достапни линкови

Белата куќа смета дека не е време за дијалог со Пјонгјанг


Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Рекс Тилерсон, Вашингтон, 12.06.2017.

Белата куќа оцени дека не е време за дијалог со Северна Кореја, додавајќи дека државниот секретар Рекс Тилерсон ја има довербата на претседателот Доналд Трамп и по неговата изјава дека „се одржуваат отворени канали за комуникација со Пјонгјанг“. „Тројца американци се во затвор во Северна Кореја, тоа е единствената причина да разговараме со нив во овој момент“, рече портпаролката на Белата куќа Хакаби Сандерс, додавајќи дека постои разлика меѓу водење дијалог и вршење дипломатски притисок. Тилерсон деновиве во текот на посетата на Кина изјави дека САД одржуваат директни канали за комуникација со Северна Кореја и оти ја испитуваат волјата на владата во Пјонгјанг да разговара за нуклеарната програма. Веднаш потоа Трамп оцени дека обидите за преговори со Ким Џонг Ун се губење време.

XS
SM
MD
LG