Достапни линкови

Исламска држава тврди дека стои зад нападот во Лас Вегас


Невада-полиција на местото каде што се случи инцидентот, 02.10.2017

Полицијата во американскиот град Лас Вегас соопшти дека најмалку 50 луѓе се убиени во пукотницата која се смета за најсмртоносна во американската историја. Вооружениот маж на први октомври пукаше од 32 кат на хотелот Мендалеј беј во насока на фестивалот кој се одржуваше на отворено, соопшти денеска шерифот Џо Ломбардо. Тој како осомничнен го посочи 64 годишниот Стивен Падок, жител на Лас Вегас.

Пукањето траело неколку минути пред тој да биде застрелан од полицијата. Екстремистичката група Исламска држава подоцна преку агенцијата Амак ја презеде одговорноста за нападот наведувајќи дека напаѓачот пред неколку месеци преминал во ислам. Ломбардо претходно изјави дека се верува оти Падок делувал самостојно и не бил член на ниту една група.

Властите соопштија дека вкупно 406 луѓе се хоспитализирани по нападот.

XS
SM
MD
LG