Достапни линкови

Напад со нож на железничка станица во Марсеј


Железничката станица во Марсеј

Еден маж вооружен со нож уби најмалку едно лице на главната железничка станица во јужниот француски град Марсеј, објавија локалните власти. Обвинителството соопшти дека напаѓачот бил застрелан од војници кои патролирале во станицата Сен Чарлс. Некои извештаи објавија дека две лица биле убиени пред напаѓачот да биде застрелан. Полицијата претходно соопшти дека ја затвориле областа и започнала операција. Министерот за внатрешни работи, Жерард Коломб на Твитер напиша дека се упатил кон Марсеј по нападот. Франција е во вонредна состојба по нападите во ноември во Париз, во кои загинаа 130 лица. Владата распореди околу 7.000 војници низ целата земја за да ги чуваат областите со висок ризик, како што се транспортните центри, туристичките локалитети и верските објекти.

XS
SM
MD
LG