Достапни линкови

Шпанската полицијa ги запленува гласачките кутии на референдумот во Каталонија


Референдум во Каталонија

Шпанската полиција се спротистави со гласачите во Каталонија и почна да ги запленува гласачките кутии на избирачките места за да се обиде да го запре референдумот за независност што властите во Мадрид го нарекоа "нелегален" и ветија дека ќе го блокираат. Полицијата и гласачите се судрија меѓусебно на едно избирачко место во Барселона, кратко време по отворањето на гласачките места во 9 часот изутрина. Стотици гласачи биле присилно отстранети од станицата во градското училиште, објавија агенциите. Непосредно пред да започне гласањето,каталонските власти изјавија дека гласачите може да ги испечатат гласачките ливчиња дома и да ги вметнат на избирачките место кое не се затворени од полицијата. "Не натераа да направиме нешто што не сакаме", изјави Енрик Мило, претставник на шпанската влада во Каталонија. "Тоа е срамно, фарса. Тоа е прв пат во историјата дека правилата на играта се менуваат 45 минути пред почетокот на гласањето", рече Мило. Многу поддржувачи на референдум се дружеа во училиштата, играат игри со своите деца и поставија вреќи за спиење, во обид да ги одржат локациите отворени до почетокот на гласањето. Предложениот референдум ги зголеми тензиите во каталонскиот регион и во останатиот дел од Шпанија, откако каталонскиот претседател Карлес Пуиќдемонт на 10 септември изјави дека "се е подготвено" за референдумот. Пуќдемон го вметна своето гласачко ливче во Корнела дел Тери во провинцијата Жирона, односно на друго место од тоа каде што првично требаше да гласа. Гласањето предизвика најголема уставна криза во земјата во последниве децении и предизвика загриженост од насилството, поради тестирањето на вољата меѓу Мадрид и Барселона.

XS
SM
MD
LG