Достапни линкови

Опозициски пратеници во Уганда насилно исфрлени од Парламентот


Најмалку петмина опозициски пратеници од Уганда побарале болнички третман поради повредите здобиени додека насилно биле исфрлени од парламентот од обезбедувањето во цивилна облека, за кое тврдат дека се всушност припадници на специјалните сили испратени од претседателот Јовери Мусевени. Власта засега е без коментар.

Дел од аналитичарите велат дека насилното исфрлање на пратениците е соборување на уставниот поредок.

До судирите дојде во вторникот и во средата на седницата за укинување на уставното ограничување за возраста на претседателот, за 73-годишниот Мусевени да може да го продолжи своето 31-годишно владеење.

На телевизиските снимки се гледа дека командантот на специјалните сили е во парламентот пред исфрлањето на пратениците.

XS
SM
MD
LG