Достапни линкови

ИД објави наводна аудио порака од лидерот Багдади


лидерот на џихадистичката група Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади, Мосул, 05.07.2014.

Екстремистичката група Исламска држава објави, како што соопшти, нова аудио снимка на нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади. На снимката која трае 46 минути говорникот зборува за последните закани на Северна Кореја против Јапонија и Соединетите држави, како и за битките за градот Мосул кој ирачките сили го освоија во јули годинава. Претходната аудио порака од Багдади беше објавена во ноември лани. Руската армија соопшти во јуни дека се обидува да верификува дали тој загинал при еден руски воздушен напад во Сирија. Претставник на американската војска пак изјави дека Багади се уште бил жив.

XS
SM
MD
LG