Достапни линкови

Груевски оствари средба со Орбан и Јанша


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Архивска фотографија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Охрид оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, информираат од партијата.

„Целта на посетата е јасна, поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Орбан е актуелен премиер на Република Унгарија која е земја членка на Европската унија и НАТО Алијансата“, соопштуваат од партијата.

Груевски по средбата на социјалните мрежи напиша дека остварил работна средба со пријателите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

XS
SM
MD
LG