Достапни линкови

Турција ги укинува летовите од Курдистан


Летовите од Турција до градовите Ирбил и Сулејманија во автономниот курдски регион во Ирак ќе престанат во петок попладне, соопшти турскиот конзулат во Курдистан. Сите цивилни летови на компанијата Туркиш Ерлајнс, Атлас Глобал и Пегасус ќе бидат суспендирани во петок во шест часот попладне, објавено е на интернет страницата на турскиот конузлат. Во соопштението се додава дека во меѓувреме се работи на воведување поголем број летови до петок. Ирак ги повика меѓународните авиопревозници да ги суспендираат летовите во и од автономниот курдски регион веднаш по одржувањето на референдумот за независност. Изборната комисија на Курдистан соопшти дека повеќе од 92 проценти од гласачите на референдумот се изјасниле за независност на Курдистан од Ирак. На независноста на Курдистан од Ирак остро се противат Турција и ирачките власти.

XS
SM
MD
LG