Достапни линкови

Одложено судењето за Поткуп, судијката на боледување


Архивска фотографија: Претседателот на СДСМ Зоран Заев пристигнува на едно од судењата за Поткуп во Основниот суд Скопје 1

Денешното судење за „Поткуп“ против премиерот Зоран Заев е одложено за 20 ноември поради тоа што судијката Дијана Груевска Илиевска е на боледување.

Обвинетиот Заев дојде во судот.

Неговите адвокати беа известени дека предлогот снимките кои се доказ во постапката, а кои беа објавени на Јутјуб да не се користат во предметот, се одбива. Судот одлучи снимките да се користат како доказ во постапката.

Одбраната на Заев најави жалба на ова решение.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека додека бил градоначалник на Струмица наводно побарал поткуп од 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов за градежно земјиште во Струмица.

XS
SM
MD
LG