Достапни линкови

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје


Архивска фотографија-градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко

Градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, од попладнево е во полициска станица во Скопје, потврдија за Радио Слободна Европа од Министерството за внатрешни работи. Претходно денеска од скопскиот Кривичен суд информираа дека по него е распишана централна и меѓународна потерница. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје вчера го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор, која ќе важи од денот на неговото наоѓање. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

XS
SM
MD
LG