Достапни линкови

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кампањите биле едукативни


Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека денешната владина прес конференција е израз на стравот и паниката на СДСМ соочени со изборниот пораз кој им следува.

„Се е по закон и нема ништо незаконски, сите средства, до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес. Ваквата напумпана и манипулативна прес конференција е беспредметна бидејќи информациите за кампањите и за средствата доделени на медиумите беа претходно јавно објавени уште пред две години. Очигледно е потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и дефокусирање на јавноста и затоа е избран овој период“, соопштуваат од партијата.

Јавните кампањи на владата, како што се наведува, имале едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите донеле видливи резултати, односно 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска соопшти дека претходната Влада потрошила 38 милиони евра за, како што рече, пропаганда и кампањи емитувани на електронски и печатени медиуми во Македонија.

XS
SM
MD
LG