Достапни линкови

Ќе нема референдуми за мигрантите на денот на локалните избори


Илустрација-гласање на парламентарни избори

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Како што информира државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум, а се очекува да бидат доставебни уште две.

"На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров", рече Муслиу.

Одлуката ќе биде доставена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалницитге и советите на 12 засегнати општини, а градоначлниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии.

Одлуката, како што истакна Рахим, ќе биде објавена во Службен весник, а во наредните три дена и на веб страницата на Министерството за локална самоуправа. Причина за нејзиното донесување, како што кажа, е член 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.

XS
SM
MD
LG