Достапни линкови

Турција, Иран и Ирак предупредуваат на контрамерки за ирачките Курди


Митинг на ирачките Курди во Духук во пресрет на референдумот закажан за 25 септември

Министрите за надворешни работи на Турција, Иран и Ирак предупредуваат дека ќе преземат недефинирани контрамерки ако ирачките Курди продолжат со својата намера за референдум за независност, кој според нив е „неуставен".

Тројцата министри се договорија да „анализираат координирани контрамерки“ за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во заедничното соопштение објавеното од турското Министерство за надворешни работи, Мевљут Чавушолгу од Турција, Ибраим ал-Џафари од Ирак и Мохамад Џавад Зариф од Иран ја потврдија посветеноста на нивните земји на територијалниот интегритет на Ирак и „недвосмисленото противење“ на референдумот.

„Референдумот е неуставен и крие ризик да предизвика нови конфликти во регионот, кои тешко ќе можат да се сопрат“, се вели во соопштението.

И покрај отпорот на своите соседи и САД, претседателот на автономниот регион во Северен Ирак, Масуд Барзани планира да спроведе референдум за независност на 25 септември.

Иран и Турција, пак, се плашат дека тоа може да ги охрабри и нивните курдски малцинства да побараат отцепување.

XS
SM
MD
LG