Достапни линкови

Собранието избра нов член на ДИК и вицегувернер на НБРМ


Собрание на Република Македонија

Собранието на Република Македонија попладнево со 98 гласа „за“ и ниту еден „против“ ја изгласа Ермира Асани-Салија за член на Државната изборна комисија, која е предлог на Движењето БЕСА.

Собранието со мнозинство ја наименува и Анита Ангеловска-Бежоска за вицегувернер на Народната Банка на РМ која доаѓа на предлог на гувернерот Димитар Богов.

На седницата е верификуван и мандатот на пратеникот од Движењето БЕСА Неџмедин Карајмани, кој доаѓа на местото на Биљал Касами.

XS
SM
MD
LG