Достапни линкови

Жбогар – Кредибилни избори се услов да се оди напред


Седница на Националниот совет за евроинтеграции. Заменик премиерот за евроинтеграции Бујар Османи, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Попоски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар

Клучни приоритети за евроинтеграциите се реформи во судството, реформи во службите за разузнавање, постигнување добрососедски односи, потреба да се изгради прстен на пријатели околу вас и тоа ќе бара меѓупартиска соработка и меѓупартиски договори, рече амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар на првата седница на Националниот совет на евроинтеграции (НСИ).

Според него, пред да се продолжи со реформите потребни се кредибилни избори, ослободени од насилство, неправилности, што е предуслов за да се оди напред.

Тој рече дека евроинтеграциите се прифатени од сите партии и треба да бидат обединувачка сила во општеството. Жбогар потсети на изјавата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер дека Унијата ќе биде поголема од 27 земји-членки до 2025 година и затоа секоја земја-кандидат треба да покаже дека постои вистинска промена во самите земји.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги презентираше клучните остварувања на Владата за интеграција во ЕУ во изминатото тромесечие, истакнувајќи дека условената препорака за почеток на пристапните преговори во ЕК мора да стане неусловена.

XS
SM
MD
LG