Достапни линкови

Собранието го донесе Законот за зголемување на минималната плата


Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија во поладневното продолжение на 12. седница со 70 гласа „за“, без воздржани и против го донесе Законот за зголемување на минималната плата, со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.

Зголемувањето на минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки. За таа цел, месечно ќе се одвојуваат 1,5 милиони евра буџетски средства со кои ќе се поддржуваат компаниите да го исплаќаат овој износ на минимална плата.

Според пратениците од опозицијата, со Законот се дерогира Изборниот законик и се носи популистичко решение кое нема да има никакви ефекти на среден и на долг рок. Овој закон, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, е наменет за предизборни цели и се очекува дека со неговото донесување работниците кои ќе добијат покачување на минималната плата ќе гласаат за СДСМ на претстојните избори.

Според пратениците од СДСМ со Законот се враќаат парите кај граѓаните со ниски приходи, ќе придонесе само да има правилна распределба на приходите и граѓаните да се чувствуваат рамноправни, додека со субвенционирање ќе се покријат 70 проценти од трошоците на работодавците за исплата на минималната плата.

XS
SM
MD
LG