Достапни линкови

Гутереш бара крај на кризата во Мјанмар


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека претседателката на Мјанмар Аунг Сан Су Ки има уште една шанса да ја запре кризата во нејзината земја која доведе над 400 илјади припадници на муслиманското малцинство Рохинџа да избегаат во Бангладеш. Добитничката на Нобеловата награда за мир Су Ки се соочува со растечка меѓународна критика за третманот на муслиманското малцинство во нејзината земја. Повеќето од нив почнаат да бегаат откако на 25 август војската покрена офанзива против муслиманските бунтовници откако тие нападнале воени бази и полициски станици.

XS
SM
MD
LG