Достапни линкови

На геј парадата во Белград ќе учествува и премиерката Брнабиќ


Архивска фотографија - Геј парада во Белград, јуни, 2017

Српската ЛГБТ заедница денеска во Белград ќе оддржи геј парада на која ќе учествува и премиерката Ана Брнабиќ.

Минатата година Брнабиќ, која отворено зборува дека е хомосексуалка, исто така, учествуваше на геј парадата во Белград, но тогаш во својство на министер за државна администрација.

Брнабиќ од јуни годинава е премиер на српската Влада.

Претходните геј паради во српската престолнина останаа запаметени со насилствата по улиците, па затоа денешната парада се организира под строги безбедносни мерки.

Зоната за безбедност беше отворена за учесниците во 10 часот по локално време, два часа пред стартот на настанот.

XS
SM
MD
LG