Достапни линкови

Македонија дел од Програмата на НАТО за образование во одбраната


Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

НАТО го прифати барањето Македонија да биде дел од Програмата на Алијансата за унапредување на образованието во одбраната, соопшти денеска македонското Министерство за одбрана. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку писмо ја информирал министерката Радмила Шеќеринска за одлуката.Тим на Алијансата треба да дојде во посета на Македонија за да утврди колкава поддршка е потребна. Столтенберг во писмото наведува дека е убеден оти со програмата ќе се зајакнат институциите за образование во одбраната, особено Воената Академија.

„Образованието е критичен фактор на трансформација и нашата соработка во оваа област ќе ги поддржи и унапреди вашите напори за реформи во одбраната“, стои во писмото.

XS
SM
MD
LG