Достапни линкови

Стотици милиони евра потрошени за роуд шоуа, реклами и промотори за странски инвестиции


Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Над 130 милиони евра потрошила поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под ставката привлекување странски инвеститори, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Тој вели дека овие трошоци оставаат простор за анализи истраги.

Претходната влада, рече портпаролот, потрошила и 31 милион евра за реклами во странски медиуми и 12, 5 милиони евра за домашни медиуми за реклами за привлекување инвеститори.

За роуд шоута за привлекување странски инвестиции министрите задолжени за таа област и поранешниот премиер, според изјавите на Бошњаковски, потрошиле 5,6 милиони евра пари на граѓаните. Економските промотори, пак, ја чинеле Македонија 12, 5 милиони евра.

Владиниот портпарол изјави дека поранешните министри без ресор задолжени за привлекување странски инвестиции користеле и други бенефиции надвор од платата, како пари за станарини и закуп, за промотивни материјали и за тоа потрошиле 2,8 милиони евра.

Владата ги декласифицираше договорите со странските инвеститори и почна да и ги презентира на јавноста денеска беше вториот дел од презентацијата, а на минатата владиниот портпарол соопшти дека Македонија во изминатите 10 години за странските директни инвестиции издвоила 225 милиони евра,дека се вработиле 20 илајди лица, а секое вработување во просек чинело по 11 илјади евра.

Новата влада се уште анализира кој е бенефитот од странските компании во земјата.

XS
SM
MD
LG