Достапни линкови

Стотици заглавени поради затворен премин меѓу Авганистан и Пакистан


Граничниот премин Торкам.

Стотици луѓе се заглавени на границата меѓу Авганистан и Пакистан, откако пакистанските власти го затворија граничниот премин Торкам, по нападот со граната.

Безбедносни претставници од двете земји денеска разговараат за нападот и за начните како да се подобри безбедноста на границата.

При нападот беа повредени осуммина војници и едно дете на пакистанската страна на границата, а седум повредени има на авганистанската страна. Нападот го извршил непознат човек, кој дошол од авганистанската страна и детонирал граната.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Граничарите чекаат дозвола да ја отворат границата.

XS
SM
MD
LG