Достапни линкови

Влада - Завршен најголем дел од првиот сет мерки од Планот 3-6-9


Министерска средба на Владата за спроведување на реформискиот план 3-6-9.

Најголем дел од предвидените мерки од реформскиот План 3-6-9, предвидени за првите три месеци се реализирани, соопштуваат од Владата. На министерската средба во Владата е констатирано дека се реализирани 46 мерки, а останатите 27 се во фаза на реализација и ќе бидат завршени до крајот на септември, кога ќе биде подготвен и конкретен Извештај за сработеното.

Паралелно со заокружувањето на реформите предвидени во првиот тримесечен рок, на средбата е констатирано дека веќе се почнати активности и за новиот шест месечен рок од планот.

XS
SM
MD
LG