Достапни линкови

ЕЛЕМ ги објави податоците поврзани со тендерот за РЕК-Битола


Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, а во однос на информациите во јавноста за учеството на фирмата „Фероинвест“, АД ЕЛЕМ ги објави податоците поврзани со текот на целата тендерска постапка. Информираат дека првата јавна акуција за сите 5 лота од јавната набавка била одржана на 3 јули, а втората на 8 август, но и двете биле вратени на повторна евалуација со одлуки на Државната комисија по жалби на јавни набавки.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е скандал од невидени размери и типичен пример за злоупотреба на државниот буџет за богатење на владејачката врхушка. Го повикуваат Јавното обвинителство да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот припаднал во рацете на фирмата „Фероинвест“ која е на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Коментирајќи го случајот со тендерот на „ЕЛЕМ“, премиерот Заев изјави дека нема конфликт на интереси, затоа што Анѓушев не е управител на „Фероинвест“, а самата тендерска постапка отпочнала многу порано. Претходно Анѓушев соопшти дека нема конфликт на интереси затоа што се повлекол од сите управувачки функции во групацијата „Фероинвест“ согласно со законскиот рок од 30 дена, заклучно со 25-ти јуни годинава.

Тендерската постапка на државната енергетска компанија „ЕЛЕМ“ сѐ уште не е завршена. Се очекува да биде закажана третата јавна електронска аукција за набавка на транспортни ленти за потребите на „РЕК- Битола“.

XS
SM
MD
LG