Достапни линкови

Заев во посета на Идризово - условите во затворите катастрофални


Премиерот Зоран Заев, го посети Казнено-поправниот дом „Идризово„.

Македонскиот премиер Зоран Заев при посетата на затворот Идризово по покана на Народен правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, изјави дека се срамел што е премиер на земја во која затворите се надвор од сите стандарди на хуманост и социјалниот аспект на живот на лицата кои издржуваат казна.

Според стандардите, во Идризово може да има 850 затвореници, а сега таму има 1.850 затвореници, рече Заев кој очекува да се отвори дебата за условите во затворите ,пред се, од надлежните институции.

Едно од решенијата, според Заев, е законот за амнестија, тема која, како што рече, е веќе отворена од неколку невладини организации.

XS
SM
MD
LG