Достапни линкови

Саакашвили во Украина во обид да го врати државјанството


Поддржувачите на Саакашвили на украиснко-полската граница

Украинската полиција ги подготвува контролните пунктови на границата со Полска за очекуваното доаѓање на Михаил Саакашвили, поранешен претседател на Грузија и поранешен гувернер на украинскиот регион Одеса. Саакашвили изјави дека е решен да се врати во Украина, во обид да го поврати украинското државјанство кое му беше одземено. Но, со тоа, Саакашвили ризикува да биде уапсен на барање на грузиската влада или да му биде одбиен влез во Украина со образложение дека тој е лице без државјанство кое нема потребни документи. Тбилиси бара апсење и екстрадиција на Саакашвили врз основа на наводите дека тој го злоупотребил имотот и ги злоупотребил своите овластувања кога бил претседател на неговата родна Грузија од 2004 до 2013 година. Саакашвили ги негира обвинувањата, велејќи дека обвиненијата се политички мотивирани. Саакашвили ја напушти Грузија во 2015 година за да работи за прозападните власти на Украина како гувернер на регионот Одеса. Тој го изгуби грузиското државјанство кога му беше доделен украински пасош во 2015 година, бидејќи Грузија не дозволува двојно државјанство. Саакашвили се повлече од функцијата регионален гувернер на Одеса во ноември 2016 година, по падот на украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG