Достапни линкови

Груевски-законот за јазици е неуставен, може да биде оспорен од кој било пред Уставен суд


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека предложениот закон за јазици е неуставен и може да биде оспорен од кој било граѓанин со поднесена претставка до Уставниот суд.

Според Груевски, премиерот Зоран Заев „се поигрува со чувствата на граѓаните од албанска етничка припадност, бидејќи воопшто нема решение за конкретните проблеми на граѓаните“.

„Навистина се чудам дали тоа го прави самиот Заев сега пред избори да си поигра со чувствата на албанските граѓани или пак се прави договореносо ДУИ кога однапред се знае дека клучнитеодредби од законот што го направиле се неуставни дека тие можат да паднат при поднесување претставка до Уставниот суд од кој било граѓанин на државата“, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово.

Коментирајќи ги првите 100 дена на новата Влада, тој рече дека има голема разлика со работата во првите сто дена на претходната влада што предводеше тој.

XS
SM
MD
LG