Достапни линкови

Путин: Кризата со Северна Кореја може да се реши на дипломатски начин


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш порача дека се противи на воведувањето санкции против Северна Кореја, бидејќи, според него, кризата поради нуклеарните тестови на земјата може да биде решена преку дипломатски средства.

Говорејќи на маргините на економскиот форум во Владивосток, Путин порача и дека Пјонгјанг нема да ја прекине својата нуклеарна програма, бидејќи ја користи како начин за самоодбрана. Според него, невозможно е да се заплаши земјата. Јапонскиот премиер Шинзо Абе за време на форумот повика да се зголеми притисокот врз Северна Кореја со цел таа да ги оствари обврските на ОН.

XS
SM
MD
LG