Достапни линкови

Димитров: Регионот има шанса за видлив прогрес во европските интеграции


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на денешното обраќање на состанокот на Процесот за Соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), како што соопшти МНР, ја нагласил важноста на политиката на градење мостови на пријателство, добрососедство и соработка во светло на европската интеграција.

„Во следната година и половина, регионот има шанса да направи видлив прогрес во европските интеграции. За да ја искористиме, треба да работиме на реформите дома и да инвестираме во добрососедски односи меѓу нас. Ни претстои период на можности и перспективи. Ние мора да демонстрираме посветеност на реформската агенда и на неопходноста од регионална интеракција и соработка. Но, истовремено ние мораме да демонстрираме сопственост врз процесите и подготвеност самите да надминуваме отворени прашања и предизвици. Во актуелниот регионален контекст, 'големата слика" е од извонредно значење", истакнал Димитров

Фокусот на разговорите, според соопштението, бил ставен на политиката на проширување на ЕУ, регионалната соработка и потребата од инфраструктурно поврзување.

XS
SM
MD
LG