Достапни линкови

Заев- становите за бегалци се манупулација за дефокусирање


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев смета дека референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.

“Македонија не е толку добра земја за да останат бегалците овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори и тоа го прават се’ со конечна цел исплашени дека ќе ги загубат и општините”, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Велес.

Премиерот рече дека ако преку мнозинството во поголемиот дел од општините биде спроведен рефверендум за забрана за отворање кампови во Македонија, на нив ќе гласа и СДСМ со што 100 проценти ќе се покаже дека ќе нема кампови.

“Ставот на СДСМ ќе го изразам заедно со коалициските партнери и тоа ќе биде многу логичен и едноставен за баналноста на оваа политика да ја доведеме до апсурдност. А тоа ќе значи дека и ние ќе го подржиме референдумот. СДСМ ќе гласа на тој референдум и ќе биде 100 проценти дека ќе нема кампови. Тоа само по себе потврдува дека е само лага постапката дека некој сака да ја заштити Македонија од отворање кампови за бегалците”, потенцира Заев.

XS
SM
MD
LG