Достапни линкови

Спасовски: Нема активности кои ја компромитираат УБК или МВР


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека Управата за безбедност и контраразузнавање не преземала никакви активности против некоја држава или амбасада во Македонија. Тој одговарајќи на прашање поврзано со неодамнешното повлекување на вработените од српската амбасада во Скопје, Спасовски нагласи дека нема никакви активности коишто може да ја компромитираат УБК или МВР.

Во врска со можната инволивираност на припадници на МВР во насилствата во Собранието на 27 април, тој посочи дека сите можни капацитети се насочени кон истрагата. Спасовски порача дека очекува и од Јавното обвинителство да биде одлучно во однос на постапките против лицата кои извршиле упад во Парламентот.

XS
SM
MD
LG