Достапни линкови

Две експлозии во хемиска фабрика по поплавите во Тексас


Поплавите во Тексас

Две експлозии одекнале во една хемиска фабрика во Крозби, Тексас поради големите поплави. Од фабриката Аркема Инк соопштија дека за експлозиите биле информирани од Центарот за вонредни работи, при што се гледал и црн чад над објектот.

Според соопштението, постои опасност и од нови експлозии, при што ги повикуваат жителите во околината да останат во центрите за евакуација се додека не е безбедно. Тропската бура Харви проследена со изобилни дождови предивика големи поплави во Тексас.

XS
SM
MD
LG