Достапни линкови

НАТО со тројца експерти на вежбите на Русија и Белорусија


Портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску

НАТО соопшти дека ќе испрати тројца експерти на заедничката воена вежба на Русија и Белорусија „Запад 2017“. Алијансата го повтори својот повик за потемелно набљудување на вежбите. Портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску изјави денеска дека едниот експерт ќе биде испратен на „Деновите за посета“ поврзани со вежбите во Русија, а двајца ќе бидат распоредени во Белорусија.

Според Лунгеску, меѓународните правила бараат двете земји да овозможат поширок пристап за набљудувачите. „Запад 2017“ почнува на 14 септември и дополнително ги зголеми тензиите меѓу Русија и НАТО. Вежбата ќе се одржи во близина на границите на членките на Алијансата, Естонија, Летонија и Литванија.

XS
SM
MD
LG