Достапни линкови

Утре почнува враќањето на српските дипломати, Дачиќ и Димитров се среќаваат в петок во Ниш


Српската амбасада во Скопје

Утре почнува враќањето на персоналот во српската амбасада во Скопје. Амбасадорката ќе се врати на 31 август и на 1 септември ќе побара средба со премиерот Зоран Заев, соопшти српското Министерство за надворешни работи, по денешниот телефонски разговор меѓу шефовите на дипломатиите на Србија и на Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров. Двајцата министри в петок ќе се сретнат во Ниш.

Во соопштението се наведува дека двете министерства преку дијалог ќе ги решаваат сите отворени прашања заради унапредување на пријателските односи меѓу двете земји и двата народи.

XS
SM
MD
LG