Достапни линкови

Дачиќ: Србија и порача на Македонија дека знае се


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека повлекувањето на персоналот од амбасадата во Македонија е порака до Скопје дека Белград „знае се што договарале или за што се договориле“, а тоа, според него, е нешто што не им се прави на пријателите. Дачиќ уште еднаш порача дека Србија сака добри односи со сите држави во регионот заради мирот и стабилноста.

Тој порача дека Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија, која како што наведе, не се базира на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени факти кои говорат за засилено офанзивно дејствување кон неговата земја. Дачиќ најави дека за новонастанатата ситуација, српскиот претседател Александар Вучиќ утре телефонски ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев, а тој ќе разговара и со својот македонски колега Никола Димитров.

XS
SM
MD
LG