Достапни линкови

Дачиќ: Присутен и странски фактор во делувањето против Србија


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека го известиле македонското МНР оти го повлекуваат целиот персонал од амбасадата на земјата во Скопје на консултации, бидејќи имаат докази за силно разузнавачко делување против Белград, при што бил присутен и странски фактор.

Тој посочи дека ќе преземат мерки за работа во такво опкружување, како и за заштита на нивните интереси и ќе ја преиспитаат нивната способност за работење во такви услови.

Дел од персоналот, како што порача Дачиќ, ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорката подоцна, кога ќе завршат со сите консултации. Србија сака и гради добри односи со Македонија, порача тој, но нивна обврска е да ги заштитат и своите интереси.

XS
SM
MD
LG