Достапни линкови

Избирачкиот список ставен на увид на јавноста


илустрација

Од денеска избирачкиот список е на јавен увид. Граѓаните ќе можат да проверат дали ги има на списокот, со што им е загарантирано правото на гласање, соопштија од ДИК. На вчерашната седница ДИК донесе заклучок дека 11.346 лица се надвор од избирачкиот список по неколку основи, односно дека 7.107 лица немаат живеалиште, починале 1.388 лица, одземена деловна способност на 284 лица и слично. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа. Во Избирачкиот список моментално има еден милион, осумстотини дваесет и седум илјади четиристотини седумдесет и три гласачи. Увидот ќе трае до деветти септември во подрачните општински единици на ДИК.

XS
SM
MD
LG