Достапни линкови

Процедурата за избор на нов обвинител започнува во вторник


Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска информираше дека Владата на наредната редовна седницата во вторник ќе му препорача на Собранието да ја почне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Собранието потоа, како што наведе, треба да распише оглас за кандидати за јавен обвинител во „Службен весник" и во најмалку два дневни весника од кои еден мора да биде на албански јазик. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот.

Бошњаковски посочи дека Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена од приемот на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати. Постапката продолжува во Владата, која според него, на седница ги разгледува кандидатите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите. По тоа одлуката оди во Собрание како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас, информира Бошњаковски. Тој нагласи и дека основна цел на Владата при изборот на нов јавен обвинител ќе бидат интересите на граѓаните.

XS
SM
MD
LG