Достапни линкови

Од 1 септември градинките ќе работат во две смени


Градинка во Охрид.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска најави денеска дека од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење. Според неа, министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосмеснкото работење. Целта на двосменското работење, како што наведе е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи. Првите смени во градинките ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот.

XS
SM
MD
LG