Достапни линкови

Собранието го разреши државниот јавен обвинител Зврлевски


Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Со 64 гласови „за“ и ниту еден против и воздражан Собранието на Република Македонија денеска попладне на продолжението на шестата седница го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието требаше да започне со работа по осмата седница на која на дневен ред беше Предлог-одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски процедурално на почетокот од седницата побара таа да се прекине и се повика на ставот на Антикорупциската комисија дека постои законска пречка да се именуваат и разрешуваат лица за државни функционери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека единствен надлежен за автентичнио толкување е Собранието, односно Законодавно правната комисија.

"Никој друг...Единствена надлежна уставна институција која може да расправа и да поништи акт на Собранието е Уставниот суд на РМ, кој суд во соодветна инцијатива и постапка и процедура може да решава за такви паршања", рече Џафери

Собраниската расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Зврлевски започна на почетокот на минатиот месец.

XS
SM
MD
LG