Достапни линкови

Презакажана за попладне седницата за разрешување на Зврлевски


Собранието расправа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја презакажа седницата на која треба да се гласа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Се очекува шестата седница на чиј дневен ред е точката да започне по одржувањето на осмата седница која е закажана за 15 часот.

Расправата за разрешување на Зврлевски заврши вчера. Опозицијата ја напушти расправата оти, како што наведоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Антикорупциската комисија одговорила дека јавниот обвинител не може да биде разрешен, бидејќи противзаконски е да се менуваат функционери додека не се одржат изборите.

XS
SM
MD
LG