Достапни линкови

Димовски најави кривични пријава против Митревски


В.Д. претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на седница разгледувало документација и активности од работењето на ССМ во време на поранешниот претседател Живко Митревски. Наследникот на Митревски, в.д претседателот Дарко Димовски, вели дека документите покажуваат какви штети се нанесени на Сојузот во изминатите седум години.

Димовски најави дека ќе поднесе кривични пријава против Митревски за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и за „фалсификување документи“, на што ќе претходи вештачење и ревизија на финансиското работење.


XS
SM
MD
LG