Достапни линкови

Започна судењето на екс министерот за економски развој на Русија


Алексеј Улјукаев

Судскиот процес против поранешниот руски министер за економски развој, Алексеј Улјукајев започна денеска во Москва. Улјукаев е највисокиот владин претставник кој бил уапсен под обвинение за корупција по ерата на Сталин. Гвоорејќи пред почетокот на рочиштето тој изјави дека случајот против него е провокација, но и дека е оптимист за судењето.

Обвинителството тврди дека Улјукајев примил мито од 2 милиони долари во замена за одобрување од министерството со кое нафтениот гигант Роснефт ќе поседува мнозинство акции во регионалната нафтена компанија Башнефт. Тој се соочува со казна затвор од 15 години доколку биде осуден.

XS
SM
MD
LG