Достапни линкови

Северна Кореја ги стопира плановите за ракети кон Гуам


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун добил извештај од неговата армија во врска со плановите за истрелување ракети кон американскиот остров Гуам на Пацификот. Според севернокрејската новинска агенција, тој решил уште извесно време да ги следи акциите на Соединетите Држави пред да донесе одлука за лансирање на ракетите.

Минатата недела Северна Кореја соопшти дека ги финализирала плановите за истрелување четири ракети во водите во близина на островот Гуам каде што се сместени американски воени бази.

Притоа беше наведено дека се чекало само на наредбата на лидерот Ким Џонг Ун.

Тој во понеделникот извршил инспекција на армијата, ги разгледал долгорочните планови и разговарал со армиските офицери, се наведува во соопштението на севернокорејската државна новинска агенција.

Притоа тој како што се додава, наредил армијата постојано да биде подготвена да изеведе ракетен удар, но оти ќе ги следел уште извесно време потезите на Соединетите Држави пред да донесе одлука за лансирање на ракетите.

До ова дојде откако американскиот секретар за одбрана Џеф Матис предупреди дека таквиот потег би можело „многу бргу“ да ескалира во војна.

„Трагедијата на војната е доволно позната. Не е потребна друга категоризација надвор од фактот дека таа ќе биде катастрофална“.

Во меѓувреме, шефот на американскиот Генералштаб, генерал Џозеф Данфорд изјави дека Соединетите Држави се подготвени на акција против секаков непријателски потег од страна на Северна Кореја.

„Она врз што сме фокусираме сега е континуираната способност за развој и до каде Ким Џонг Ун би можело даоди во иднина. Тоа е сè за што се подготвуваме. И тоа е она што ние се обидуваме, имаме дипломатска и економска кампања за притисок за да го спречиме да ги подобри своите способности, да го запре тестирањето и да го запре развојот на нуклеарната способност“, рече тој.

По објавувањето на плановите на Пјонгјанг за напад во близина на островот Гуам американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Северна Кореја од соодветен воен одговор.

Тоа предизвикаа големи танзии во светот кој повторно се соочи со опасноста од евентуална нуклеарна војна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG