Достапни линкови

Повторно прекината собраниската седница за Зврлевски


Седница на Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа говорницата во Собранието каде на денешната седница треба да се расправа за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски. Претседателот на Собранието, Талат Џафери даде пауза од 10 минути откако пратениците на опозициската партија одбија да се вратат на нивните места. Тие ја блокираа говорницата, откако пратеникот Антонијо Милошоски излезе на говорницата без да добие збор од Џафери.

Точката за разрешување на Зврлевски беше ставена на дневен ред во почетокот на минатиот месец по иницијатива на Владата. Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на шестата седница го закажа во понеделникот, ден откако ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври годинава.

XS
SM
MD
LG