Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации се обидува да ги кочи реформите


Архивска фотографија: Пратениците Љупчо Димовски, Даниела Рангелова и во Собранието

Залудни се обидите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни иницијативи за интерпелации да ги кочат реформите, се вели во пишаната реакција на СДСМ за интерпелацијата на министерката за труд и социјална полтика Мила Царовска поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поднесената интерпелација за министерката за труд и социјална политика, наводно поради Нацрт – Стратегијата за бегалци, што патем веќе еднаш била донесена во 2008 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е врв на апсурдноста и лицемерието на опозициската партија, особено што изнесените невистини од ВМРО-ДПМНЕ се официјално и фактички демантирани: Стратегијата нема обврзувачки карактер, Македонија е транзитна земја за бегалците, што значи нема да остануваат во земјава и нема да се даваат државјанства за бегалци“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација и за министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

XS
SM
MD
LG